Фатена кумановка која ги терала децата да просат

|

Постапувајќи по планот за спречување на појави на питачење од СВР Скопје во содејство со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, на 26.02.2022 во 14.00 часот на ул.“Битпазарска“ поточно на влезот на Старата Скопска Чаршија лишена од слобода била Ф.Б.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од Кривичниот законик.

Имено, Ф.Б со нејзините две деца околу 12.00 часот дошла од Куманово со намера да питачи во Старата чаршија, а од страна на полициски службеници едното дете било затекнато во оскудна облека со картонска кутија во рацете како питачи низ угостителските објекти во чаршијата, а мајката Ф.Б. и другото дете биле на друга локација низ чаршијата.

Пријавената заедно со двете деца биле донесени во Полициската станица Бит Пазар и со неа бил извршен службен разговор за околностите под кои истата го извршила кривичното дело. Известен бил Јавен обвинител, по целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.201 од КЗ на РСМ.