Обвинителката Фатиме Фетаи честопати знае да биде во центарот на вниманието, но не само поради својата професија, туку и поради нејзиниот изглед. Секогаш на јавните случувања се појавува скоцкана од глава до пети и во некое прекрасно модно и стилско издание ги привлекува погледитет кон себе, па затоа не е ни чудо што толку многу се пишува за неа низ медиумите.
Тие пак постојано го следат и нејзиното движење а и социјалните мрежи каде ретко објавува фоографии од приватниот живот. Така денеска Фатиме на суд се појави со нов имиџ, кратка коса и одело.
Досега, направи неколку промени со косата, па долгата коса ја скрати и направи „боб фризура“, но овој пат отиде малку подалеку па многу пократко ја скрати косата. Според фотографиите може да заклучиме дека Фетаи изгледа прекрасно во секое издание, како вистинска дама.