Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи е жена со свој изграден стил. Со секое свое појавување таа изгледа елегантно, а овој пат има моден погодок.
Фетаи секогаш избира парчиња по последна мода и знае како да изгледа одлично. Впрочем секое нејзино издание до сега изгледало светски, елегантно и привлечнп, па така е и овојпат. Таа на судењето пред неколку дена се појави во кошула-фустан што е хит број еден за оваа сезона.
Нејзината препознатлива црна коса, сега ја носи во кратка боб фризура која што исто така е хит сезонава и строги шишки од кои никако не се откажува.
Таа минатата година одржа инспиративен говор во ЕУ Инфо центарот по повод Меѓународниот ден на жената и ја раскажа својата моќна приказна.
На трибината „Да направиме нештата да се случат – економските, политичките и социјалните достигнувања на жените и нееднаквостите кои останува да се поправат“, Фетаи зборуваше за детството поминато во конзервативно опкружување, за бракот на млади години, за традициите и ограничувањата кои некогаш стоеја пред жените и за нејзината храброст да ги надмине и да остави белег во општеството.
32-годишната обвинителка е во брак од 17-годишна возраст и има два сина. Таа истовремено да се справувала со домашните обврски, мајчинството и студиите за да добие диплома на Правниот факултет, пред да ја започне својата кариера.
Фетаи им порачува на жените дека децата не се пречка за напредок во кариерата и дека секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себеси.