Фатиме на слава кај Нора, полна куќа за „Св. Јован“ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Фатиме Фетаи беше една од блиските пријатели кои во семејниот дом синоќа ги пречекаа Нора Шаќири и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ. „Ние двајца се сакаме и почитуваме, па затоа како и минатите 6 години така и оваа со радост и огромна почит кон неговата религија и славата која ја слави Св.Јован ја отворив вратата за нашите семејства и пријателите“, напиша Нора на социјалните мрежи.

Поранешната ТВ-водителка и новинар, сега вработена во Министерството за култура, во една прилика за „Женски магазин“ изјави дека со специјалната јавна обвинителка се како сестри и често уживаат во заедничките вечерни излегувања.

Шаќири е среќно мажена за музичарот Марко Марковиќ. „Се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по смртта на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓу луѓе и тогаш се појави тој. Ме прегрна, ми изрази сочуство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш“, претходно изјави Нора за својот сопруг.

Како што може да се види и од фотографиите, на славата гостин беше и актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Извор: Женски магазин