Инстаграм и Фејсбук одлучиле да отстранат три популарни емоџија – праска, домат и капки, пренесуваат светските медиуми.
Фејсбук, кој е во сопственот на Инстаграм, ги промени правата пред неколку денови и на корисниците им е оневозможено да ги користат трите споменати емоџија, со оглед на тоа дека сите три се користат исклучиво во коментари во сексуална конотација, а често и се навредливи.
Сите три емоџија, особено емотиконот со праска, кој означува женски задник, ги обожуваат корисниците ширум светот, вклучувајќи ги и Македонците.
Од Фејсбук велат дека промената е насочена кон сексуалните работници кои повеќе не можат да ги продаваат своите услуги на социјалните мрежи, а забраната ќе влијае и на сите оние кои користат емоџија за разговор или шеги за секс.