Фенг Шуи правила кои помагаат во привлекување на пари во домот

ИЗВОРНов Лист
|

Според старото тибетанско учење, не е сеедно што се наоѓа од левата страна на просторијата (ходникот) во која влегувате после влезната врата. Тој дел од куќата е исклучително важен за финансиите.

Енергијата која ја носите во себе и со која зрачите, и тоа како влијае на вашиот живот и тоа што ви се случува. Идејата е создавање на добра енергија во домот која ќе го поттикне приливот на парите, сигурноста и благосостојбата.

Топ шест фенг шуи правила кои помагаат во привлекување на парите во домот:

1. Поправете ги цевките и кровот
Доколку ви тече вода од цевките, секако дека тоа треба да го поправите. Истото тоа направете го и со кровот, доколку протекува, не чекајте проблемот да стане поголем. Според фенг шуи теоријата – парите и емоциите се вид на енергија која како и водата имаат свој тек. Со тоа што ги поправате работите во вашиот дом, го поправате и својот живот, па така и финансиите.

2. Спуштајте го капакот од WC шолјата
Голем потрошувач на позитивната енергија во домот е тоалетот. Всушност, пуштањето вода во тоалетот, троши голема количина од животната енергија. Но доколку го спуштите капакот, тоа го спречува оддалечувањето на енергијата од вас. Освен тоа, според фенг шуи, убаво би било да врзете црвен конец на цевката посади WC шолјата – тоа ги штити финансиите.

3. Уредете го влезот во куќата
Кога некој ќе ви влезе во домот или вие самите влегувате во него, важно е да се почувствувате добредојденo и да има пријатна атмосфера. Тргнете ги сите работи од влезот на куќата, како на пример пренатрупаните чевли, ѓубрето, дрвата… Бидејќи сето тоа го блокира влезот на позитивната енергија. Исто така, внимавајте ѕвончето на влезот да ви работи, затоа што така се привлекуваат работни можности. Освен тоа, водете грижа и за куќниот број и адресата, добро да се гледаат, а влезната врата да ви биде чиста.

4. Внимавајте на деталите
Според старото тибетанско учење, не е сеедно што се наоѓа на левата страна од просторијата (ходникот) во која влегувате после влезната врата. Тој дел е многу важен за финансиите. Доколку сè е нафрлано и владее хаос, тоа негативно се одразува на приливот на парите. Но, чистотата и уредно поставените работи делуваат спротивно – добро на финансиите. Исто така, доколку во тој дел се наоѓа некое растение, важно е да обрнете внимание како тоа напредува Доколку напредува брзо, така ќе биде и со финансиите. Добро е на ѕидовите да поставите слики од природа затоа што тие ја предизвикуваат позитивната енергија во домот.

5. Редовно оддржувајте го оганот
Доколку во домот имате камин или шпорет на дрва, водете грижа секогаш тие да бидат чисти, а огнот да се одржува. Според фенг шуи, шпоретот на дрва или каминот симболизираат обилие и богатство. Со редовно чистење создавате слободен пат за енергијата која носи пари и работни можности.

6. Почитувајте ги парите
Гледајте на парите како на нешто позитивно, како на награда за трудот, интелегенцијата и добрината… Секогаш бидете благодарни кога имате пари во своите раце и внимавајте во новчаниците секогаш парите да ви бидат подредени. Што повеќе ги почитувате парите, повеќе ќе ги имате, затоа што ќе зрачите со енергија која ги привлекува.