Ферус Мустафов сепак ќе биде погребан во Скопје, да биде поблиску до семејството

|

Иако првичната информација утрово беше дека кралот на ромската музика, Ферус Мустафов ќе биде погребан во Штип, бидејќи тоа било негова желба, да почива во градот, каде е роден, кралот на саксафонот сепак ќе биде погребан во Скопје.

Во контакт со семејството ММС доби информација дека Ферус, ќе биде погребан утре во Скопје, на гробиштата во Камник.

-Да, првично беше така, но бидејќи нему целото семејство му е во Скопје, сепак, одлучивме дедо ми да почива на гробиштата во Камник. Сите живееме во Скопје и од таа причина одлучивме вечниот дом на дедо да биде тука, поблиску до нас, изјави за ММС неговиот внук Ферчо.

Тој вели дека погребот е веќе закажан за 14 часот, бидејќи многу негови пријатели од странство се јавиле и сакале да дојдат на последното испраќање на кралот Ферус.

-Уште сме во шок, а телефоните не престануваат да ѕвонат. Тој имаше многу пријатели…

Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.