ФФМ се огласи за немилиот настан на Алиоски и испрати моќна порака

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски во разговорот со „Дерби“ образложи колку тешко го поднел невкусното по*ижување кое вчера го доживеа во својот роден град Прилеп, а откако цела јавност застана во одбрана на човекот кој со сето срце ги брани интересите на нашата фудаблска репрезентација, со моќна порака се јави и Фудбалската Федерација.

ФФМ ова попладне излезе со свој осврт за сето она што вчера се случило во Прилеп, а покрај моќниот заклучок, одговорните луѓе од нашата куќа на фудбалот побараа од надлежните органи да преземат радикални мерки за сите оние кои покажуваат говор на о*раза.

– Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува говорот на ом*аза чија последна жртва беше нашиот репрезентативец и фудбалски амбасадор Езџан Алиоски.

Ние како федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната припадност, расата или бојата на кожата!

Сите репрезентативци кои со гордост го носат националниот дрес се нашите најголеми амбасадори, и заслужуваат секаква почит!

Уште еднаш сакаме да порачаме – Ом*азата не игра на наш терен! Да ја исклучиме и од нашето окружување!

Ги повикуваме институциите на системот соодветно да реагираат на ваквите немили настани, со цел никогаш да не се повторат.