Македонскиот ракометар и репрезентативец на Македонија, Филип Лазаров, вчера доби втор син. Синчето се родило на Велигден и ќе го крстат Марко, објави Филип на фејсбук.
„Фала ти Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден го збогати нашето семејство со уште еден член. Силен на тато, убав на мама и бато. Добро ни дојде Марко, напиша Филип Лазаров.
Имено, Филип е брат на нашиот најдобар ракометар на сите времиња, Кире Лазаров кој сигурно во овие моменти е исто така пресреќен за раѓањето на своето второ внуче.
Им честитаме на среќните родители и посакуваме новиот член на семејството Лазарови да биде жив и здрав и да го наследи и нивниот спортски талент, па да биде и идната ѕвезда во ракометот, сепак гените си го прават своето.