Во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи позитивни на тестирањето и со ова бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти, информирање министерот Венко Филипче преку социјалните мрежи.
По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1.
Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.