Филипче: Mногумина не ги почитуваат мерките, дури и не веруваат во болеста

ИЗВОРНов лист
|

Поминаа три месеци од првиот дијагностициран пациент во нашата држава. После три мецеси сме на раскрсница, дали да го враќаме животот во нормала, а при тоа да се почитуваат сите мерки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

-Три месеци интензивно работиме и се справуваме со болеста, факт е дека таа нема да помина сама од себе, ние мора да научиме да живееме со неа. Првата битка е добиена, но борбата трае и ќе трае. Мора да се заштитиме, задолжително носење на маски, но многумина не ги почитуваат мерките, дури и не веруваат во него- рече Филипче.

Сите досегашни мерки, рече Филипче, се носеа врз основа на науката и бројките, а не на парамедицината.

– Во изминатиот период имавме време и да се подготвиме за оваа болест, да ги опремиме клиниките, медицинскиот персонал да се стекне со искуство за болеста за која досега никој во светот не знаеше ништо, рече Филипче.

-Тој е тука, ќе биде тука, така што огромен дел во борбата со болеста како и досега паѓа на граѓаните, а тоа значи често миење на рацете, социјална дистанца и заштитни маски. Само со почитување на превентивните мерки ќе ставиме крај на болеста, порача Филипче.