Покрај полициски час или забрана за движење од 21 часот навечер до 6 часот на сабајле, ќе има нови мерки за ограничување на движење и во текот на денот за ризичните групи лицата над 65 години, но и за помалдите од 18 години. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче.
„Преку Комисијата за заразни болести утре ќе биде дискутирано и доставено до централниот штаб, по потреба и до Владата, со цел да се воведат дополнителни мерки кои ќе ги заштитат овие граѓани. Станува збор за граѓаните над 65 години, за кои сметаме дека и дополнително покрај полицискиот час треба да им биде ограничено движењето,преку ден, со дозвола да се движат во раните утрински часови, за што детали ќе соопштиме во текот на утрешниот ден. Да се задоволат потребите, посета на аптеките и продавниците но не и преку останатиот дел од денот“- рече Филипче.
Мерките за овие граѓамни, но и за лицата под 18 години, Филипче најави дека ќе ги соопштат после одлуката на Комисијата за заразни болести.
Министерот кажа дека просечната возраст кај заразените пациенти со КОвид 19 е 45-46 години. Хоспитализирани се повозрасните пациенти, заради тоа што тие имаат нешто потешка клиничка слика и просекот на старосната граница го намалуваат децата.
„Мерките се за почитување, ако граѓаните не помогнат, здравствените работници сами не можат да се справат со епидемијата. Соодветен резултат ќе имаме само ако се почитуваат мерките.“- рече Филипче.