Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека болеста е се уште тука, се значајни за подигање на свеста кај граѓаните. Поглаварот посочи дека е опасна и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот истакнува дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во оваа борба.
– Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба, посочува Филипче.
Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека…
Gepostet von Венко Филипче am Dienstag, 16. Juni 2020