Комисијата за превенција од заразни болести во текот на утрешниот ден би можело до Владата да поднесе барање за зајакнување на мерките во земјава, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што кажа тој дискусијата ќе се води на утрешната седница на Комисијата за заразни болести.
„Влегуваме во втора фаза, кога ќе расте бројот на заболени и затоа порачувам да се избегнуваат физички контакти, тие да се сведат на минимум бидејќи веќе има асимптоматски слуачи кои не можат да се забележат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека остануваат проекциите пикот на болеста да биде на крај на месецов.
За таа цел, заради наглиот пораст на заболени се активираат и други капацитети иако Инфективанат клиника не е искористена комплет. Се става во функција мобилната болница пред клиниката, се активира болницата „8 Септември3 да прима лежечки пациенти, како и болницата во Битола која која што располага со 35 кревети со можност да станат 100 и има респиратори. Со тоа во јавното здравство се ставаат на располгање вкупно 400 кревети.
Филипче нагласи дека Министеровото за здравство има посебна донациска сметка каде што веќе има околу 500 000 евра, пари кои ќе се искористат купување на маски, респиратори, медицинска опрема.