Филипче: Во јуни ќе се знае кои болници ќе бидат дел од јавно приватно партнерство

|

По изборите ќе почне широка физибилити студија за јавно-приватни партнерства во здравствениот систем пред се на болничко ниво, вели министерот за здравство Филипче.

Во јуни ќе се знае кои болници ќе бидат дел од јавно приватно партнерство, испитувањата на терен ќе покажат кои болници, а најмногу во внатрешноста се неодржливи за работа. За министерот за здравство Филипче подобро било да се купуваат услугите од приватните болници, отколку да се вложува само во згради,а каде нема ниту пациенти, ниту доволен број на доктори.

Министерот ветува дека секој осигуреник ќе добие здравствена услуга,а ниту еден докотор и медицински кадар нема да остане без работа.

Останува се уште дилемата зошто докторите кои заминаа со договор од страна на министерството за здравство во јавно приватно партнерство и ги изгубија професорските титули, а со тоа и студените останаа без потребниот кадар. Министерот посочи дека и за ова се бара решение со Медицинскиот факултет и факултетот во Штип.