Филипче: За финансиската стимулација ќе се дебатира утре на владината седница

|

Минситерот за здравство Венко Филипче на денешната пред-конференција изјави дека на утрешната седница на Владата ќе се дискутира мерката за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако ги убедат 70 посто од вкупниот број на нивни пациенти да се им*низираат.

„Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се им*низираат. На влада ќе зборуваме за сите предложени мерки. Ќе биде поголем фокус. Матичните лекари имаат апсолутно право да ги мотивираат пациентите да се им*низираат“, рече министерот Филипче.

Тој исто така откри дека предложување на нови рестриктивни мерки не е во план засега.

– Ова е нов сој, се уште се испитува, па нема потреба да правиме нови рестрикации – кажа Филипче, додавајќи дека остануваат мерките за кои се смета дека се добро димензионирани, како и дека се следи ситуацијата.