Џон Малкович и Роберт Родригез снимија филм кој ќе се прикажува за 100 години.
Заплетот на филмот, соодветно насловен 100 години, е сместен во сегашноста, но нема да биде прикажан до 18 ноември 2115 година. Станува збор за добро осмислен рекламен трик во кој брендот за коњак Луј XIII го ангажираше познатиот мексикански режисер Роберт Родригез за амбициозен уметнички експеримент во правење филм кој сто години ќе остане зад непробојно стакло.
Броевите не се случајни, сто години е периодот што минува помеѓу полнењето на Луј XIII и продажба на тоа скапоцено шише, кое во просек чини околу 3.000 долари. Како дел од оваа луксузна реклама, ангажиран е актерот Џон Малкович, придружуван од Шуја Чанг и акционата ѕвезда Марко Зарор.
Не се објавени детали за филмот или заплетот, освен три тизери кои не се дел од филмот, не го откриваат заплетот, туку се софистицирани реклами за Луј XIII сместени во три различни варијанти на иднината.
Кога проектот првпат беше откриен, имаше неколку опции за тоа каква ќе биде иднината.Неверојатно висока технологија, компјутеризирани верзии на светот, пост-Чернобил, враќање кон природата, полууништена цивилизација, а потоа имаше ретро иднина како што е замислено во научната фантастика од 1940-тите или 1950-тите“, рече Малкович.
Како дел од промоцијата на филмот, Луј XIII ќе подели 1.000 метални билети кои ќе им овозможат на потомците на примачот да го видат прикажувањето на филмот 100 години за 100 години.