Финансиска прилика за водолиите, интересен период во љубовта за биковите – Дневен Хороскоп (13.09.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Бурниот финансиски период и понатака не ви дава мир. Малку доле, малку горе. Ќе морате да вложите малку повеќе енергија и време за да успеете. Во љубовта едноставно ќе лебдите, овој ден за вас и вашиот партнер ќе биде прекрасен.

Бик (21.04 – 21.05)

Постои можност за мали финансиски компликаиии и конфликти. Дистанцирајте се од тие приказни. Уживајте во убавината која ви се случува во приватниот живот. Во полето на љубовта ова ќе биде бурен и интересен период за вас.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе имате многу деловни обврски кои ќе мора да ги завршите пред да започнете нов проект. На полето за љубов во овој ден доаѓаат поволни вести. Односот со лицето кое одамна ви се допаѓа ќе биде исклучително добар, а вие ќе блескате од среќа.

Рак (22.06 – 22.07)

Ви се чини дека некој непланиран проблем ви ја расипал идиличната атмосфера во која бевте. Но не е така, проблемите се нормална појава во животот, а вие не сте навикнати да наидувате на пречки. Време е да им се посветите на емоциите, да ги задоволите барањата, како вашите така и на партнерот и на пријателите.

Лав (23.07 – 22.08)

Парите овој ден ќе ви бидат многу осетлива тема. Бидејќи сте ги исцрпиле залихите и сега нема од каде да земете пари, ќе биде потребно да ги намалите трошоците. Уживајте во комуникацијата со различни луѓе. Партнерот ќе ужива во вашето друштво.

Девица (23.08 – 22.09)

Иако деловните вести за вас се одлични, не заборавајте дека сепак е потребно да го зголемите вложениот труд, а потребно е и да им помогнете и на колегите. Слободните ќе имаат интересна шанса, а оние кои се во врска по неколку пати ќе размислуваат пред да направат нешто посериозно со партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Некои луѓе кои ви ветувале помош нема да можат да го исполнат тоа ветување. Ќе морате да ги завиткате ракавите и се да одработите сами. Ќе имате проблеми со односот со блиските лица, вие воопшто не внимавате на кого и со какви зборови му се обраќате.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Последните деловни резултати не се онакви какви што ги очекувавте. Но нема причина за загриженост, имате доволно време да ја поправите состојбата. Некои лица кои ќе прават планови и ќе разговараат за брак, ќе забележат успех.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не избрзувајте. За секоја деловна одлука ќе добиете доволно време, па постапете паметно. Станува збор за големи промени, кои ќе донесат добри моменти во вашиот живот. Ова е прилично емоционален период за вас. Можноста за конфликт со блиските лица е голема, па затоа внимавајте на кого и како му се обраќате.

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашата креативност и моќта веднаш да се снајдете ќе се покаже како одлична комбинација која ќе ве извлече од непријатните ситуации. Со партнерот заедно ја планирате вашата иднина. Наидувате на некои пречки и различни размислувања, но вие сте секогаш тој што попушта во таквите ситуации.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете амбициозни, но ќе имате противници. Ќе имате прилика на која многу ќе се израдувате. Се чини дека некој од вашата околина повеќе нема да сака да биде со вас. Ќе бидете револтирани и разочарани од неговото бегство.

Риби (20.02 – 20.03)

Иако комуникациите нема да ви бидат проблем, некој од колегите би можел да ви создаде неприлика со неговата љубомора или неработење. Развојот на романтичните случувања би можел малку да ве вознемири.