|
На 28.06.2023 во 19.53 часот било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, кој се здобил со телесни повреди, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(28) и Б.Е.(27), од една страна, и Х.Ј.(21) и Р.И.(49), од друга страна сите од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.