Фолкерката Анета Наковска ограбена на Бахамите

ИЗВОРСкопје24
|

Бахами, малку за уживање. Ете, единствено јас немам програми за разубавување и разни филтери за да се подмладам, ама пак од друга страна си велам, тоа е што е.

Сите си ги носиме годините од тоа нема бегање, побитно е што носиме во срцето и душата , бидејќи тоа е тоа што вистински зрачи од нас и не облагородува и разубавува многу повеќе отколку вештачкото бришење на брчките и килограмите, напиша познатата македонска пејачка Анета Наковска, а која со тоа воедно праќа поздрави од егзотичните Бахами.

Таму е на летување со сопругот. Таа и во буквална смисла на зборот се одмора и ужива во тропската клима на Бахамските Острови. И се би било многу прекрасно доколку не и била украдена професионалната скапоцена камера, пишува вечер.прес Тоа многу ја изнервира и, и го загорчи одморот.

Фолкерката има направено премногу убави снимки, ама сето тоа пропадна, бидејќи заврши во рацете на некои дрски криминалци, за кои се надева дека ќе бидат фатени од полицијата, се пожали Анета, која наскоро се враќа во родната Македонија, на радоста на својата публика.