Пејачката и водителка Адријана Алачки во кругот на семејството го прослави својот роденден и затоа си доби торта од најсакната личност – внуката Јана. Пејачката наполни 52 години, а со фотографии од роденденот се пофали на социјалните мрежи.
“Ме поканија на мојот роденден. Моите Граци и Баже, а Јана ме изненади во нејзин стил со роденденска торта. Колку сум богата и среќна мајка… вреди да се живее… ова е СЕ на светот”, напиша Алачки на својот Фејсбук профил.