|
Поради градежни работи на патот кој од Скопје до Македонски Брод води низ Јасен повеќе десетици автомобили со часови чекаат од пладне на патот под силни жештини.
Патот низ Јасен е на смено, но иако луѓето биле дојдени уште за првата пладневна смена во правец кон Брод не биле пуштани.
Граѓанин кој испрати фотографии до Телма вели дека им било кажано дека ќе се среди и ќе бидат пропуштени, но тоа се оддолжило со часови и тие на сонце биле цел ден.