Веќе сигурно ја препознавате Ева Заева, внуката на премиерот Зоран Заев. Пред извесно време на својот Инстаграм профил Ева го покажа својот убавец на две тркала, црвениот Дукати.
Ева е многу популарна на социјалните мрежи.
Облечена во црна кожна тренди јакничка и тесни црни панталони мора да признаеме дека изгледа одлично покрај ваков ѕвер. Под фотографијата Ева напиша „Фати ме ако можеш“.
Но она што за јавноста е мистерија е во чија сопственост е моторот на покрај кој позира таа, дали овој убавец припаѓа на нејзиното момче, Душко Чифлиганец, син на познатиот биснизмен Ванчо Чифлиганец, кој е страстен љубител на мотори и брзи коли или пак е нејзин. Токму и премиерот Заев е љубител на мотори па можеби таа страствена љубов Ева ја наследила токму од својот чичко.
Инаку Ева и Душко се заедно веќе подолго време и не ја кријат својата врска.Таа на социјалните мрежи постојано објавува фотографии со своето момче а најчесто се тоа фотографии направени на некое од нивните патувања на егзотични дестинации низ светот.
Ева, внуката на Премиерот Зоран Заев, има 19 години и постојано истакнува дека во себе носи огромен моден потенцијал. На секоја споделена фотографија на социјалните мрежи може да се забележи како Ева е скоцкана од глава до пети, во најтренди парчиња за кои открива дека најчесто сама ги креира.