„Не заспивам јас така лесно. Имам уште многу за сонување“, вели Сузана Турунџиева која ужива на одмор со помалата ќерка, Матеа.
Водителката и писателка на своите Фејсбук и Инстаграм профили редовно објавува фотографии во бикини, и од пријателите добива комплименти дека изгледа одлично.
Во март, таа стана баба на внукот Јаков, кој го роди нејзината постара ќерка Лора. За Женски магазин, Сузана изјави дека ќерка ѝ е голем херој, а зетот Филип е многу грижлив татко.
Поголемата ќерка на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева ужива во улогата на мајка, па слободното време го користи за да го поминува со синот и сопругот.
Сузана Турунџиева ужива и во улогата на мајка, и во улогата на баба. Таа слободното време, надвор од камерите и работните обврски го користи да го помине со нејзините деца и внуци.