Да го чекаш толку очекуваниот ден за одмор и веќе првиот ден да бидеш „ограбен“?! Тоа и му се случи на неколку американци на популарниот грчки остров Миконос.
Имено, таму еден американски војник од ЊуЈорк и негови 5 пријатели, останаа зачудени кога ја добија сметката за ручек.
За шест порции лигњи им е наплатено скоро 600 евра, а за шест локални пива 150 евра. Три цезар салати 60 евра, две шишиња вода 17,80 евра, а чаша сок од домат 18 евра. Кога ќе се собри вкупната сума доаѓа на околу 800 евра.
За да ги опоменат другите посетители, тие фискалната сметка ја објавија на социјалните мрежи и со предупредување да не влегуваат во ресторанот „ДК Ојстер“, бидејќи тоа било замка за туристите.
38-годишниот војник Франциско Таједа тврди дека келнерите одбиле да им донесат мени.
-Да платиш 830 евра за лигњи на плажа и шест пива е тешка измама, а персоналот одби да ни донесе мени, тврди разочараниот турист.