Наташа Беквалац позираше со нејзината мајка Мира која и беше најголема поддршка во најтешките моменти.
Таа ретко се појавува во јавност, а сега пејачката одлучи да ја покаже на своите следбеници на „Инстаграм“ и да покаже колку и значи. Во нејзино друштво се најде и сестрата на пејачката, па трите дами заедно позираа пред камерите.
„Зад секоја успешна жена стои…мама. Ова е мојата мајка. Подобра не можев да одберам. Мојата мајка е најубава бајка….ова покрај мене е помладата сестра“ напиша Наташа на „Инстаграм“.
За потсетување, претходната година Беквалац помина низ тежок период кога нејзиниот сопруг физички ја нападна.
Наташа Беквалац како во бајка го прослави првиот роденден на Катја
Пејачката Наташа Беквалац вчера направи журка за наследничката Катја по повод нејзиниот роденден. Гордата мајка мислела на се, па секој детаљ беше совршен. Овој семеен празник беше зачинет со бројни балони и свеќи, а меѓу останатото и колачи во облик на фламингоси како и славеничка торта со ист мотив.
Наташа блескаше во бел женски костим, а славеничката имаше посебен стајлинг – розе пердувест фустан. Повеќе фотографии погледнете подолу, тоа се фотки кои гордите тетки Драгана и Кристина ги објавија на инстаграм.