Пратеникот на Социјалдемократската партија во Собранието на Хрватска, Пеѓа Габрин е највисокиот политичар во светот и 2 сантиметри е повисок од поранешниот проесионален кошаркар Роберт Корнеги.
Корнеги е висок 208 сантиметри и неодамна влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Причината поради која хрватскиот пратеник Грбин не влегол во Гинис е тоа што никој не го пријавил.
Грбин, инаку колегите го нарекуваат Мрвица, шегувајќи се со неговата висина.
И новинарите се шегувале на сметка на Грбин нарекувајќи го „висок извор“ од местото во близина на Собранието.
На Украинците им е доста од политика, комичарот Владомир Зелански во предност на претседателските избори
Инаку, на претседателските избори во Украина, по пребројувањето на повеќе од 50 отсто од гласовите, води комичарот Владомир Зеленски со 30,2 отсто од гласовите, додека актуелниот претседател Петро Порошенко е на второто место со освоени 16,6 проценти од преброените гласови.
Поранешната премиерка, Јулија Тимошенко, се најде на третото место со 13 отсто од гласовите, објави агенцијата АП.
Од вкупно 39 кандидати во првиот круг, според овие резултати, силите во вториот ќе ги одмерат Зеленски и Порошенко.
„Сакам да им кажам ‘благодарам’ на сите Украинци кои не гласаа само на шега“, рече Зеленски, додавајќи дека ова е само почеток и дека не постои простор за опуштање.
„Ние сме млади луѓе. Не сакаме да го гледаме се она од минатото во нашата иднина“, додаде Зеленски (41), актер кој глуми претседател во популарна комична ТВ серија.
Порошенко во однос на резултатите кажа дека тие претставуваат „сериозна лекција“, особено за помладите гласачи и побара нивна поддршка во вториот круг.
„Гледате промени во земјата, но сакате да бидат побрзи, подлабоки и поквалитетни. Ги разбирам мотивите зад вашиот протест“, рече Порошенко кој настојува да го прикаже Зеленски како некадарен да ја претставува Украина во странство, посебно во однос на преговорите со Путин.