Нема Македонец кој не си ја сака својата земја и се гордее со нејзините убавини. Но, и’ покрај тоа има работи кои не ни се доволно познати.
Овие пет факти е добро да ги знаеме за нашата убава Македонија.
1. Се верува дека во црквите „Св. Богородица Пречиста” во Кочани, „Св. Јован Богорски” и „Св. Горгија Победоносец” во Дебар се чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.
2.Охридското езеро е едно од најстарите и најдлабоки во Европа. Најдлабоката точка е 288 метри, а се проценува дека е старо околу четири милиони години. Дури 200 ендемски видови живеат во него.
3.Македонија е една од земјите кои има најмногу планински врвови. Врвови на дури 34 планини се наоѓаат во Македонија, а ниту еден не е понизок од 2.000 метри надморска висина. Највисока планина е Кораб чиј врв достигнува 2.753 метри.
4.Една од најпознатите хуманитарки и добитнички на Нобеловата награда, Мајка Тереза е родена во Скопје. Во нејзина чест е изграден и меморијален центар.
5.Вардар тече низ речиси 90. отсто од територијата на Македонија, а минува низ скоро сите поголеми градови во земјава. Најголемата река во Македонија се споменува дури и во „Илијадата” на Хомер.