(ФОТО) Скопје домаќин на “обоената” трка

ИЗВОРТелма
|

Во Скопје денеска се одржа KoloRRun трката во која пријавените учесници се натпреваруваа во три дисциплини.

Најмладите ја минаа делницата од 500 метри, дел од учесниците ја совладаа патеката од 2,5 километри, а главната трка беше на 10 километри.

Стартот и целта беа пред East Gate Mall, а учесниците на трката на 10 километри трчаа по кејот на Вардар.

ФОТО: Игор Паневски