(ФОТО) Среќен татко: Ќерката на премиерот матурантка, Заев објави фотографија од Александра како бебе

ИЗВОРСкопје24
|

Премиерот Заев не можеше да ја сокрие својата среќа за својата ќерка, која вечерва слави матура. Тој на социјалните мрежи објави заеднички фотографии, дури и една постара фотографија на која Александра е бебе и напиша дека е многу горд татко. Александра Заева за матурската вечер е  облечена во црна долга креација, на фотографијата со својот татко блеска како божица.

Александра Заева на својот Инстаграм профил, пред неколку недели ги почести пријателите со преубава фотографија од нејзиното табло. Пријателите и честитаа за преубавата фотографија на која блеска како божица, но исто така и доделија многу убави комплименти.

Ќерката на премиерот Заев, Александра заврши четврта година во средното училиште „Јане Сандански„ во Струмица, а најверојатно своето образование ќе го продолжи на Медицинскиот факултет.

Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, но тие се родители и на синот Душко.

Премиерот и неговата сопруга на 30 септмеври годинава прославија 23 години брак. Се познавале уште од деца, а врската ја започнале во средно училиште.

„Нашата љубов прерасна во врска во средно училиште, а се знаеме од многу порано. Се венчавме во 1995 година“, изјави неодамна Зорица Заева.