(ФОТО) Сузана Турунџиева слави роденден: Ми беа потребни 50 години за да сфатам некои работи

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката , водителка и писателка Сузана Турунџиева денеска полни 50 години.

По тој повод таа на својот профил објави фотографија со емотивна порака.

– Полувреме е… Ми беа потребни 50 години за да сфатам некои работи… Дека животот е вистинско чудо… Дека ниедно утре и задутре не ни е ветено… Дека си (не)среќен онолку колку што ќе одлучиш да бидеш (не)среќен… Дека сите не се грижат за тебе толку колку што ти се грижиш за нив… Дека да си сама не е трагедија, туку е предност… Дека оној што ти суди не може да те љуби… Дека без оглед на многу препреки, разлики или километри, вистинските љубови не умираат, ниту атрофираат… Дека ако нешто силно сакаш не постои пречка која може да те спречи… Дека темнината и несреќите се минлива состојба… И дека главната улога во мојот живот ми е доверена мене…
Полувреме е… И конечно светлото е вклучено! Јаков е светлоносецот.Второто полувреме може да почне- напиша Турунџиева.

Лора ги издржа болките 20 часа: Турунџиева стана баба

Пејачката , водителка и писателка Сузана Турунџиева стана баба. Нејзината ќерка Лора, утрово роди машко дете. Сузана за „Женски магазин“ изјави дека нејзината ќерка е голем херој и оти со раѓањето на внукот, почнува нов, убав период за целото семејство.

„ Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно. На крајот, сепак мораше да ја оперираат, и се породи со царски рез“, ни изјави среќната баба. Таа вели дека внукот сѐ уште нема име, но е ист како татко му, сопругот на Лора, Филип Наунов, кој за време на породувањето бил со Лора и ѝ давал поддршка.

Лора и Филип се венчаа минатото лето

„ Лора реши да ги издржи сите болки и ниту еднаш не се пожали. Ќе станам мајка и готово, морам да издржам- велеше таа и ѝ се восхитував на храброста и на решителноста која ни јас ја немам понекогаш. По сѐ што ни се случи, доаѓа нов, убав период за сите нас“, ни изјави Турунџиева која пред четири ипол години го загуби сопругот Марјан, таткото на нејзината помала ќерка Матеа која има речиси девет години.

Лора има 19 години е ќерка на поранешниот пливачки ас, Александар Маленко.

Извор: zenskimagazin.mk