По големиот евровизиски успех, Тамара Тодевска замина на заслужен одмор. Пејачката на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од плажа. По повеќе од две недели поминати во Израел далеку од семејството, Тодевска сега секој слободен ден го користи максимално посветена на децата и на сопругот.
По Евровизиската ноќ која беше и повеќе од успешна за Македонија стивнува еуфоријата. Сепак на социјалните мрежи се појави видео од АМериканци кои ги коментираа настапите на Евровизија.
„Прекрасна песна“, „моќен глас“, „таа е навистина добра“ и „ме потсетува на песните од Дизни“. Што Американците мислат за нашиот претставник на Евровизија во Тел Авив?
Јутјуб каналот „FBE“ со над 19 милиони следачи објави видео во кое Американци го даваат своето мислење за евровизиските песни. Еден од коментаторите е и Ненад, кој во видеото кажува дека е од Македонија и вели дека го гледал натпреварувањето како помал, последните 10 години не го гледал.
Тамара Тодевска со песната „Proud“ заврши на седмото место на годинешното издание на Евросонг, но беше прва од жирито.