Тамара Тодевка, по одморот во Охрид, уживаше во викендот во природа. Тамара вчера со сопругот, со децата и со татко ѝ беше на посета на манастирот Свети Јован Бигорски.
Тамара објави фотографија со сопругот Александар Димитровски- Мачка и со татко ѝ Велко Тодевски, професор по контрабас.
И Тамара и нејзината сестра Тијана, во неколку наврати имаат изјавено дека музичкиот талент го наследниле од родителите. Нивната мајка Бранка е поранешна оперска пејачка, Тамара дипломираше на ФМУ на отсекот соло пеење, а за Тијана дипломираше на виолончело.
„Те сакам тато до небото и назад“, напиша Тамара до фотографијата со татко ѝ.
Извор: zenskimagazin.mk