[Фото] Започнува Првата парада на гордост во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Обвиени во боите на виножитото и со знаменца, граѓани се собираат во паркот Жена борец во Скопје за Првата парада на гордоста.

Поддршка има и од други држави.

– Тука сме за слобода на избор, за сите да сме еднакви, велат поддржувачите на Парадата за Радио МОФ.

Настанот, како што велат организаторите, е протестен марш, кој има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во земјата.

Маршот ќе започне од Жена борец, а ќе заврши во Градски парк каде ќе има говори и забава.

Засега слаб е одѕивот на ЛГБТ популацијата на Парадата на гордоста. Околу 11 часот во паркот Жена борец имаше малку луѓе, главно странци. Сепак, до почетокот на парадата во 12 часот има уште дваесетина минути, така што организаторите се надеваат на масовност.

Иако парадата се подготвуваше извесно време, а ЛГБТ заедницата доби поддршка и од полицијата, сепак, хомосексуалците, трансродовите лица и припадниците на другите маргинализирани зааедници не се осмелуваат, барем засега, да гордо – без маски на лицето.