Фотографијата на Здравко Чолиќ стара скоро шест децении деновиве е најкоментирана на социјалните мрежи.
Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ се уште ја носи титулата голем заводник. А сега на социјалните мрежи кружи фотографија од Здравко Чолиќ кога бил момче, која ги воодушевила неговите фанови.
Имено, се чини дека Чола, пред да прерасне во непоправлив шармер и да стане голема музичка ѕвезда, бил и слатко момче, чија фотографија ги разнежнила фановите уште повеќе.
На споменатата фотографија Чола има само 11 години и е преслатко момче. Иако не зборува често за приватниот живот, во една прилика открил дека имал сиромашно, но многу среќно детство.