Фотографија од Грција која ги насмеа сите на интернет: Ресторан за храна и пијалок бесплатно нуди жена

ИЗВОРСкопје24
|

На Фејсбук се појави една урнебесна фотографија од Грција. Во група на Фејсбук со име „Greek Gateway“ се појавила фотографија од Грција која ги насмеала сите.

Некој ја фотографирал таблата која рекламира понуди во ресторанот, па покрај цените на пијалоците и храната на крајот е напишано дека се нуди “бесплатна жена“. Всушност сакале да напишат бесплатен интернет или WiFi, но некој по грешка напишал WIFE што значи жена.

Корисниците на интернет не можеле да престанат да се шегуваат поради оваа грешка:

„Магична Грција“, напишал некој корисник, а друг прашал дали таа жена знае да приготви пристојна мусака.

„А каде е бесплатниот маж, се прашала некоја жена“.

„Сигурно сака да се ослободи од својата сопруга“ – се шегувале останатите.

Only in #Greece! Free Wife! LOL

Gepostet von Greek Gateway am Freitag, 26. Juli 2019