ФОТОГРАФИЈАТА КОЈА ЈА ОДБЕЛЕЖА 2018 ГОДИНА

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската реалност, Дедо Мразовци скокаат весели и се сликаат додека на земја лежи мало дете, сигурно прегладнето и онесвестено од студот.

Илјадници луѓе оваа Нова Година ќе ја дочекаат во субстандардни услови, гладни, без струја, без вода, илјадници деца нема да добијат “пакетче од Дедо Мраз”, илјадници трпези ќе останат празни, илјадници соништа и желби неостварени.

Искористете го овогодинешниот буџет за новогодишните непотребни “трескања од земја” и донирајте барем еден топол оброк на некое гладно дете или старец на кој животната лотарија не му се погодила, купете една паштета и нахранете бездомно куче, бидете луѓе!

Останува само надеж дека наредната година нема повторно да викаме “Ќути, може и полошо.”

Р.Ф.