Контроверзниот рокер Ексл Роуз, фронтмен на бендот Guns N’Roses, е познат по нескротливото однесување, тепачките, тужбите, но и одличниот вокал. Од ѕвездата по која жените воздивнуваа на појавување во јавноста, тој сега изгледа целосно непрепознатливо.
Пејачот настапи на фестивалот во Калифорнија со пејачката Кери Андервуд и заедно пееја хитови како Sweet Child O’Mine, Paradise City и Welcome To The Jungle, а на официјалниот профил на бендот беа објавени фотографии на кои позираат заедно.
Обожавателите ја забележаа неговата необична комбинација на облека, но и неговата фризура. На социјалните мрежи дури се појавија шпекулации дека актерот бил подложен на трансплантација на коса или, можеби, носел перика. Странските медиуми одат чекор понатаму и се шпекулира дека тој редовно оди на затегнување на лицето и ботокс.