Лек на рецепт во аптека пациент ќе може да подигне само доколку се идентификува со лична карта или пасош, тврдат од Фондот за здравствено осигурување. Доколку болниот не е во можност сам да оди во аптека, терапијата во негово име може да земе и друг кој исто така ќе мора да покаже документ за идентификација. Соопштението на Фондот е еден ден по изјавата на министерот Филипче дека дека пациентот на кој му е пропишан лекот, лично ќе оди во аптека да го подигне што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
-Ќе има пратење на лекот, лично доаѓа во аптека оној на кој лекот е пропишан а работиме и на решение за оние кои неможат да дојдат во аптека, изјави Филипче
Филипче,пак, денеска со дообјаснување – објави стаутс на фб дека начинот на издавање на лекови останува ист како и досега.
– Со укинувањето на квотите во аптеките го надминуваме проблемот со недостаток на лекови. Отсега, лековите ги правиме подостапни за пациентите и изнаоѓаме контролни механизми за да нема злоупотреби.
Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства, пишува Филипче на фејсбук.
Со одлука на здравствените власти од денеска нема квоти за лекови во туристичките места во државата. Во 43 аптеки во Охрид, Струга, Ресен, Гевгелија и Дојран граѓаните ќе имаат терапија во текот на целиот месец. За останатите граѓани во државата оваа мерка ќе важи ос септември или октомври.