Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев, и партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Перистера Бети Базијана, на денешниот заеднички ручек си размениле подароци. Заева ѝ подарила на Базијана охридски бисери, а таа нејзе свилена марама со цртежи од грчкиот сликар Јанис Моралис, пренесе Сакамдакажам.
Заева и Базијана беа на прошетка низ скопската тврдина Кале. Од таму заминаа на ручек во еден скопски ресторан со поглед на Старата скопска чаршија.
Додека премиерите имаа средба во Владата и учествуваа на бизнис форумот во хотелот „Александар Палас“, Заева ѝ ја покажа на Базијана, скопската тврдина Кале. Слики од прошетката на својот Фексбук профил објави премиерот Зоран Заев.
„Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба, интересни разговори и разгледување на градот на солидарноста. Прекрасно попладне, полно се оптимизам и ведрина“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Двете дами носеа пантолани, но сепак стилот им е многу различен. Поценете сами која од нив две ја „тера“ последната мода.
Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, пак, вчера беше пригодно облечена во боите на грчкото знаме, за спомен и долго сеќавање на денот кога стави потпис грчки авиони да го чуваат македонското небо.
– Со министерот Евангелос Апостолакис ги поздравивме припадниците на Воените оркестри на Армиите на РС Македонија и на Грција, кои се подготвуваа за заедничкиот концерт. Оваа соработка е уште еден јасен сигнал дека ако работиме заедно, може да постигнеме се, порача Шеќеринска преку Фејсбук во најавата за концертот.