Гаши: Како млад имав бенд кој се викаше „Празни џебови“

ИЗВОРТелма
|

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека во младите денови формирал музички бенд кој се викал „Празни џебови“. На прашање, пак до Гаши, што ќе каже сега збунетиот албански гласач кога тој „договорил да си ги наполни џебовите партиципирајќи во централната власт“, Гаши одговори:

„Јас како млад учествував во формирање бенд ‘Празни џебови’. Не го сметам влегувањето во политиката за полнење џебови. Се додека така мисли јавноста, успех нема да има“.

Гаши претходно вети дека нема да биде политичар што уценува, особено не за прашања од највисок интерес за државата.

„Јас никогаш нема да уценувам“, рече најновиот член на Владата.