Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да ја обнови дистрибуцијата на гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1. Како што соопштувата гасот нема да биде пуштен поради истекување на масло од турбинскиот мотор.
Газпром во средата ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот, но сега не се знае кога повторно ќе потече гас кон Европа преку Северен поток 1.
Портпаролот на Европска комисија, Ерик Мамер на Твитер објави дека одлуката на Газпром е донесена „под лажни изговори“.