Србинот Небојша Матиќ е сопственик на компанијата Микроелектроника, која се занимава со извоз електронски компоненти во повеќе од 140 земји ширум светот. Својот бизнис го започнал во својата гаража, а денес во неговата компанија работат вкупно 86 работници. Тој е познат по тоа што претставува еден несекојдневен газда и бизнисмен кој гледа на своите вработени со исклучителна важност.
Небојша се прослави во српските медиуми по тоа што на своите вработени двојно им ја зголемува платата во текот на секоја наредна година. Дополнително, за да ги стимулира работниците да имаат повеќедетни семејства, тој им дава по 200 евра за трето, односно 400 евра за четврто дете.
Среќата на работниците е најважна! Ако се тие среќни, тоа значи дека и компанијата успешно ќе функционира. Голем дел од нивната среќа зависи од околностите во семејството. Така се решив да им овозможам зголемување на плати и дополнителни парични средства за секое дете кое ќе им се роди – кажува г-дин Матиќ кој во 2012-та година беше добитник на наградата претприемач на годината.
ГАЗДАТА НЕ ОСТАНАЛ САМО НА ТОА
Неговите работници не можат да се пофалат само по своите годишни зголемувања на платата. Имено, веќе некое време тој практикува да им дава дополнителни бонуси за секоја нивна заслуга која успеала да придонесе за развојот на компанијата.
Покрај ваквите бонуси, сопственикот редовно им исплаќа на своите вработени 13-та, 14-та и 15-та плата на секои 12 месеци.