Сесил Елдгеј (61) ја роди сопствената внука, со оглед на тоа дека го носела бебето на својот син како сурогат мајка. Имено, нејзиниот син Метју Елдгеј и неговиот партнер Елиот Доерти сонувале за тоа да станат родители, а единствената опција била да имаат сурогат мајка од семејството. Идната баба прифатила да го направи тоа.
После низа прегледи, тестови и анализи, докторите дале зелено светло. Следувала хормонска терапија, јајце клетките ги донираше сестрата на Елиот, додека спермата ја донирал Метју.
Докторите подготвиле неколку оплодени јајце клетки кои ги ставиле во матката на бабата, која останала бремена само после првиот обид. После седум и пол месеци на светот дошла Ума. Татковците плачеле од среќа кога ја запознале својата ќерка.
“Важно е да се нагласи дека не сите жени на 60 години се во доволно добра здравствена состојба да бидат сурогат мајки”, вели докторката Керолин Мауд Доерти.
Бабата се породила по природен пат, што било изненадување за сите. Истакнала дека вежбала, шетала и била активна со цел сето тоа добро да го издржи.
“Луѓето тоа не го разбираа на почетокот, но потоа испратија силна поддршка и говореле дека е радикално и неверојатно. Мојата мајка ги инспирираше сите и заедно поминавме низ сè”, рекол Метју.