Гејтс: Следните четири или пет месеци ќе бидат исклучително тешки

ИЗВОРНов Лист
|

Бил Гејтс, коосновачот на компанијата „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот, очекува состојбата во САД да се нормализира напролет наредната година.

Гејтс изјави дека следните четири или пет месеци ќе бидат исклучително тешки, освен доколку навистина не го подобриме и не бидеме посериозни во нашето однесување.

Тој исто така истакнал дека само со одговорно однесување можеме да допринесеме во сузбивање на ситуацијата. Спомнал и дека за тоа е потребно и понатаму да се намалува бројот на физичките контакти и да се носат заштитните маски.

Тој смета дека медицинските третмани и, како што изјавил, најверојатно вакцината ќе доведе до подобрување на состојбата.