Генијален трик! Како да ги исчистите заплетканите влакна во правосмукалката

ИЗВОРНов Лист
|

Многумина ќе се согласат дека нема ништо поиритантно од заплетканите влакна на четката од правосмукалката, а сега постои многу едноставен начин да го исчистите тоа.

Доколку во вашето семејство некој има долга коса тогаш очигледно дека ви е познато она нешто по чистењето на тепихот – многу заплеткани влакна во четката на правосмукалката.

Како тоа да се извади, а да не вклучува нож, ножици или некои други предмети со кои може да се повредите.

Една инфуенсерка, која на Инстаграм води профил Mrs D’s Cleaning Reviews на своите следбеници го покажала трикот кој го употребува кога правосмукалката ќе ѝ се затне во текот на чистењето.

Иако на пазарот постојат специјално дизајнирани алати за отстранување на влакната, тие се сепак скапи, нагласила инфлуенсерката.

Игла за кроење
Таа од заплетканите влакна во правосмукалката се ослободува со евтина игла која кројачите ја користат за отстранување на шевовите од ткаенината (англиски: stitch picker).

Исто така таа предупредила дека не треба да ги сечете влакната со ножици или нож затоа што така може да се повредите самите себе, но може да ја оштетите и четката од правосмукалката.

Сè што треба да направите е да поминете со таа игла низ собраните влакна и потоа сето тоа да го исчистите од иглата.

Едноставно, лесно и ефикасно…