Братот на пејачот Жељко Јоксимовиќ сподели видео од ќерката на пејачот во која открива колку е горд на својата внука Мина Јоксимовиќ која ги покажа завидливите вокални способности.
Мина покажа дека иде по стапките на својот татко, а со својот моќен вокал докажа дека сериозно може да се занимава со музика.
-Горда на мојата Мина Јоксимовиќ. Па има ли некој подобар??? Има ли?!, напиша Саша на својот Инстаграм профил.
На каверот на Мина не остана рамнодушна ниту Јелена Томашевиќ која се знае дека е една од најмоќните вокали на овие простори.
-Боже предобра е, напиша пејачката.
Исто така и Анабела Атијас и коментираше на оваа објава, а како навистина изгледа нејзината изведба слушнете во продолжение.
Видеото погледнете го ТУКА.
Жељко започнува нов бизнис, отвора три телевизии
Српските медиуми пишуваат дека популарниот пејач ќе отвори три кабелски телевизии, но неговата сопруга сепак нема да биде дел од тимот, барем не на почетокот.
Регулаторното тело за електронски медиуми во Србија на 4 јуни издало дозвола за кабелско емитување на три канали, К1 студио, Стајл фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии и припаѓаат на компанијата „Минакорд медија“ која Јоксимовиќ ја основал во мај годинава.
-Никој не знае од каде му е идејата на Жељко да се посвети на телевизијата. Малку нѐ изненади бидејќи се работи за сериозен проект, во кој треба да се вложат многу пари, но и време, што секако нема да може сам да го направи. Голем залак е тоа, но како што слушам веќе ангажирал луѓе кои долго време се во оваа област, вели близок извор до Јоксимовиќ.
Неофицијално, новиот проект на пејачот треба да започне на есен.