Герасимовски: Пожарот кај „Треска“ е речиси целосно изгаснат

|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по добивањето на информацијата за пожарот кај поранешната фабрика „Треска“, излегол на терен.

Со 10 возила, противпожарната бригада го гаснеше пожарот, информираат општинските власти.

„Пожарот е локализиран и речиси целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на надлежните. Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени“, изјави Герасимовски.

Жителите и вработените во околните продавници биле навремено евакуирани, а општинскиот градоначалник упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на околните улици.