Германците го произведоа најевтиниот електричен автомобил

ИЗВОРСкопје24
|

Наскоро и на патиштата ќе се најде најевтиниот електричен автомобил на e.Go Mobile.

Германскиот производител на електрични возила e.Go Mobile произведе автомобил, со кој сака да го постигне статусот на најпродавано електрично возило. Цената е многу пристапна, па шансите за успех не се исклучени. Компанијата и проектот ги предводи професорот Гинтер Шух, кој во германската јавност е познат по производството на електрично товарно возило, што го изработува заедно со Форд, а е наменето за германските пошти. Неговиот втор проект е изработка на електрично градско возило. Предвидено е да се појави во три изведби. Најскромната варијанта е малиот е Life 20 , кој има електромотор од 20 kW и нуди досег од 121 километар со едно полнење. За 7,7 секунди достигнува брзина од 50 километри на час со максимална брзина од 116 километри на час. Следен е Life 40 со двојно посилен мотор. За 4,7 секунди достигнува 50 км/час, а досегот му е 142 километри. Најдобри перформанси има Life 60 со електропогон од 60 kW, кој 50 км/час достигнува за 3,4 секунди, има автономно возење од 184 километри и максимална брзина од дури 150км/час!

Почетната цена за ова мало градско возило е 14 900 евра.