Во сојузната држава, општините и покраините се бараат 200.000 службеници. Се бараат и архитекти, инженери и информатичари.
Во Германија овие работни места не се толку атрактивни, затоа што кога на стопанството му оди добро, тогаш јавниот сектор не е привлечен. Во земјата се бараат и воспитувачи и наставници.
Kога старите кадри ќе одат во пензија, оваа бројка од 200.000 ќе порасне на 700.000. Работата во јавниот сектор има лош имиџ и се смета за здодевна.
Ако се селите во Германија, една работа за вас може да биде невозможна мисија
Во Германија многу луѓе живеат под кирија, затоа што недвижниот имот е скап и е невозможна мисија за многумина.
Власта не може да го запре растот на кириите, што создава гнев кај граѓаните. Оваа пролет десетици илјади луѓе излегоа на улиците за да протестираат. Има барања да се направи некое ограничување. За пет години кириите скокнале за 11.4%.
Во Минхен изнајмен метар квадратен во просек чини 18 евра. За стан од сто квадрати се плаќаат 1.800 евра. Во Франкфурт метар квадратен е 14 евра. Во Берлин цената е 6.72 евра. Мал број станови се со поволна цена.